Злато, накит и потсетување на Египет. Така помина модната презентација на Карл Лагерфелд за Шанел во Њујорк во познатиот Храм на Дендур во Музејот на уметностите на Митрополитен.
Дизајнерот го избра Њујорк за својата годишна модна ревија “Metiers d’Art”, која се одржува секоја година во различен град.
Меѓу специјалните гости кои присуствуваа на церемонијата беа Пенелопе Круз, Џулијан Мур, Марго Роби, Лили Роуз Деп, Софија Копола, Фарел Вилијамс, кој соработува со модниот бренд и други.
Пердуви, кожена облека, бисери и злато во чевлите, облеката и додатоците. Импресивна колекција, за која нема подобро место за претставување. Повеќе видете во нашата галерија.