Њујоршката полиција им дозволи на вработените во локалните простории на американската телевизија CNN да се вратат на работа по синоќешната евакуација.

Евакуацијата била предизвикана поради лажна дојава за поставени бомби, пренесе АП.
Полицијата објавила дека маж кој имал акцент од југот на САД се јавил во телевизијата по 22 часот ноќеска и кажал дека пет бомби се поставени во просториите на телевизијата во зградата „Тајм Ворнер“, на Менхетен.

Зградата е евакуирана и во неа е извршена прелимининарна истрага, а потоа просториите се пребарани и од припадници на единицата за детонирање бомнби.
За тоа време CNN од пред зградата продолжи со програма во живо.