Украинското министерство за одбрана ја предупреди Русија дека ќе прати воени бордови низ Керчкиот теснец, во кој Русија заплени три украински брода.

Украинскиот министер за одбрана Степан Порторак рече дека земјата има намера да прати воени бродови низ Керчкиот мореуз, наведувајќи деа во спротивно Русија потполно ќе го окупита Азовско Море.
Украина има пристаништа во Црното и Азовското Море, кои се поврзани со Керчкиот мореуз, пренесе АП.
Повеќе од 140 бродови се наоѓаат денеска на двете страни на мореузот поради прекумерните провреки и одлагањето од руска страна, соопшти украинската погранична служба, обвинувајќи ја Русија дека прави тесно грло за украинските бордови и ги спречува да поминат.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави депорано денеска дека Москва ќе биде подготвена на преговара за судбината на украинските воени бродови кои ги заплени дури откако ќе заврши нивното судење.
САД и Европската унија ја повикаа Русија да ги ослободи 24 – те украински војници кои Русија ги уапси на 25 ноември во Керчкиот мореуз обвинувајќи ги дека незаконски влегле во руски води покрај предупредувањата да не го прават тоа.
Ројтерс потсетува дека Украина го порекнува тоа.
Говорејќи на конференција за новинари во Милано, каде се одржува министерски состанок на ОЕБС, Лавров рече дека Русија ќе биде подготвена да разговара за судбината на морнарите и можноста за постигнување спогодба со Украина дури откако ќе заврши нивното судење на Крим.
Агенцијата напоменува дека се ште не е утврден датум за почеток на нивното судење.