Потврдено: Двојна селфи камера на Galaxy S10 + ќе биде вградена во екранот (ФОТО)

од Vlatko K
90 прегледи

Популарниот @IceUniverse Leader објави слики од заштитници на екранот на Samsung Galaxy S10 + .


Од нив се гледа дека е земено решение двојната селфи камера да биде сместена во отвор во
горниот десен агол на екранот.

Кај стандардното издание на Galaxy S10,решението е исто.

Во овој модел, сепак, камерата за селфи е единечна и отворот на екранот е значително помал и веројатно
речиси невидлив во секојдневна употреба.

Според друг пост, избраниот дизајн на дисплејот на Samsung нема да биде изолиран случај, а
следната година ќе го видиме на повеќето предводници. Независно дали ни се допаѓа или не.