Панел дискусија „Транзициската правда за посткризниот период во Република Македонија“

од Марта Пешевска
106 прегледи

Панел дискусија на тема: „Транзициската правда за посткризниот период во Република Македонија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

Според Институтот, воспоставувањето на владеење на правото претставува еден од темелите на функционирањето на либералната демократија, а нашето општество се соочува со феноменот на „поделено општество“ на партиска основа, пред сѐ, и оваа појава во нашиот контекст претставува точка на опструкција на спроведувањето на идејата за владеењето на правото.

-Оттука, концептот на „Транзициска правда“ претставува своевиден излез за ситуацијата со која се соочува Република Македонија. Имено, афирмацијата на помирувањето претставува приоритетна позицијата во однос на решавање на овој проблем со методи на транзициската правда. Тие методи на крај би резултирале со услови за судско спроведување на правдата придружено со препорака за скалеста амнестија, се посочува од Институтот.

На дискусијата ќе земат учество: Гордан Георгиев, Џабир Дерала, Харалд Шенкер и Катерина Колозова  во својство на модератор.