Технички проблем во алармниот систем било причина за одложување на судските рочишта за Монструм и 27 април, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

„Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја информира јавноста дека денеска во утринските часови во новата зграда на судот беше пријавен проблем со алармниот систем за кој по извршена проверка се утврди дека се работи за технички проблем кој за помалку од 20 минути беше остранет. Заради проверка на системот судењата за предметот поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се слуичија во Собранието на Р.Македонија како и судењето за предметот од обвинителството означен како „Монструм“ кои беа насрочени во 10:00 часот започнаа со задоцнување за кое странките беа благовремено известени, а судењата во овој момент се одвиваат без никакви проблеми,“ се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.