Како на сопствениците на јахти животот да не им е доволно совршен, сега дури нема да мора да ги напуштаат своите јахти за да купат потребни намирници.

Еден од најголемите маркети Carrefour сега отвори супермаркет на вода на брегот на Дубаи „Bites and More by the Shore“, наменет за сите сопственици на јахти и џет-скијачи, а на него ќе се наоѓаат повеќе од 300 намирници, лекови и пијалоци.
Нарачката ќе може да се направи и преку телефон, но маркетот ќе биде отворен шест дена во неделата од 10 до 18 часот.
Инаку, поединци веќе се загрижија како ваквиот вид трговија на вода може да и штети на природата, но компанијата соопшти дека се е уредено во согласност со прописите за еколошко зачувување на природата.