Влезниците за Таџ Махал пет пати поскапи за локалците

од desk2
163 прегледи

Индиските власти соопштија денеска дека влезниците за Таџ Махал, ќе бидат пет пати поскапи за индиските туристи, за да се намали бројот на туристи и да се намалат штетите на најпосетеното место во Индија.

Влезницата за Таџ Махал од 50 рупии (0,7 долари) зголемена е на 250 рупии за Индијците кои се најбројни на дневно ниво како посетители. Таа градба дневно ја посетуваат 15.000 луѓе од кои 10.000 домашни туристи.

Картата за странци е зголемена од 16 на 19 долари.

Таџ Махал се наоѓа близу Агра, 200 километри јужно од Њу Делхи, а секоја година го посетуваат неколку мулиони туристи и претставува незаобиколен дел од секоја посета на странски дипломати.

Властите се жалеа дека имаат проблеми со голем број туристи и дека поради заштита на споменикот одлчено е со зголемување на цената да се намали бројот на посетителите.

Таџ Махал се смета за врвно остварување на могулската архитектура, стил кој комбинира елементи од персиските, индиските и исламските архитектонски стилови. Таџ Махал во 1983 година стана споменик на светско културно наследство како „бисер на исламската уметност во Индија и еден од универзално признатите ремек-дела на светското наследство“.

Изграден е меѓу 1631 и 1654 година, го граделе 22.000 луѓе. Шахот Џан наредил изградна на тој мавзолеј за својата омилена жена, Арџуманд Бано Бегум, која е попозната како Мутаз Махал.