Направете сарма со грав.

СОСТОЈКИ:
1 главица кисела зелка
1 шолја грав
3 главици кромид
бибер и сол
ПОДГОТОВКА:
Се двојат листовите зелка за сарма, па се филуваат со грав кој претходно вечерта сме го оставиле во ладна вода.
Утредента се вари, првата вода се фрла, па се цеди и се чува водата од варењето.
На гравот му се додава ситно сечен кромид, па се полнат сармите и се виткаат.
Се редат во шерпа во која на дното ќе ставите неколку листа зелка, па се преливаат со водата во која се варел гравот.
Се печат на 200 степени додека не испари течноста.
Се става пред крај запршка од црвен пипер и се допекува уште малку.