” Кажав многу јасно пред Европскиот совет дека некои премиери кои стојат таму, тие се извор на лажни вести “, рече Јункер пред новинарите во Брисел, по дводневниот самит на ЕУ.

” Кога господин Орбан, на пример, ќе каже дека јас сум одговорен, виновен за Брекзит : лажна вест. Кога тој ќе рече дека мигрантите се причината за Брекзит: лажна вест “, појасни претседателот на ЕК.

Орбан ја консолидира својата моќ во Унгарија . Во септември, Европскиот парламент предупреди дека унгарската влада може да биде санкционирана поради кршење на демократските стандарди.