Министерството за правда ќе ги убедува грчките судови дека амнестијата од Иванов којашто ја добија агентите Горан Грујеоски и Никола Бошкоски е незаконска. Во новото барање за екстрадиција кое го токмат македонските власти најголем дел од аргументите ќе бидат посветени на помилувањето за 56мина осомничени на СЈО од пред две години кои самиот Иванов по неколку месеци го повлече. Токму на одлуката за помилување разузнавачите привремено ја купија слободата и не беа депортирани назад во Македонија, каде што ги чека затвор и судски процеси.

„Во ова барање се повикуваме на аргументите од пресудата коишто се однесуваат на помилувањето. Детално ќе биде образложно како претседателот Иванов ја донесе одлуката за којашто во тој момент не постоеше правен основ.“ – велат од министерството за правда.
Врховниот суд во Грција во мај одлучи да не ги екстрадира Грујевски и Бошкоски во земјава со кусо образложение дека нема да добијат фер судење и се повика на аболицијата. Највисокиот суд донесе ваква одлука иако основниот суд во Солун претходно одлучи да ги екстрадира. Неразделните колеги планирале да побегнат во Унгарија и таму да добијат азил, но планот не успеа кога на аеродромот во Солун беа уапсени со лажни пасоши. Политичките ривали на Орбан кои бараа детално образложение за азилот на Никола Груевски велат дека се заинтересирале и за случајот со Грујевски и Бошкоски уште лани, но не добиле никаков одговор од надлежните органи во Унгарија.
„Која е улога на Унфарија во бегствата на македонски функционери. Јас го пратив тоа прапање до двете министерства за надворешни и внатрешни работи. Овде уште лани слушнавме дека двјацата луѓе на Груевски од тајната служа беа уапсени во Солун а сакале да дојдат овде во Унгарија. Затоа и го отворив прашањето, дали некој го следи ова што се случува во Македонија без разлика дали добиваат Азил или не, но еве се уште нема одговор од властите.“ – изјави Марта Деметер – пратеник од ЛМП за тв24.
Одбраната на Грујевски и Бошкоски засега не го коментира новото барање за екстрадиција. Тие сега се слободни граѓани во Грција, кадешто ги очекува два судски процеси, еден за лажните бугарски пасоши со кои добија нов идентитет на Христо Атанасов и Неџби Хасан и вториот е за политичкиот азил. Екс началникот на 5та управа Грујевски е обвинет во 3 случаи на СЈО, а Бошкоски во еден. Во сведочењето на Александар Василевски Нинџа, двајцата беа споменати како организатори на крвавиот четврток. Грујевски му овозможил на Нинџа да стане соработник на тајната служба, а Бошкоски ги фрлил во Вардар уништените собраниски снимки од 27ми април./24 Вести