ОБНОВЕНА Тројца загинати и уште четворица тешко повредени во автобуската несреќа

од desk4
111 прегледи

Автобусот кој излета кај Лесковац на струшки „Еуробус“ сообраќал од Битола за Виена

   Автобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќеска во 01:45 часот, е на струшката компанија „Еуробус“.  Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.

Сопственикот на „Еуробус“ Џитан Истрефи за МИА изјави дека автобусот, произведен во 2006  година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

– Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Според досега објавените информации, во несреќата  загинале две жени и еден маж, а се повредени 32 лица.

Како што јавија српските медиуми, во тек е идентификација на жртвите. Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

 

ОБНОВЕНА Македонски автбус се преврте пред Лесковац -Има загинати и повредени (видео)

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди.