Експлозија во ресторан во Јапонија, десетици повредени

од desk2
169 прегледи

Во ресторан на југот на Јапонија се случи експлозија во која се повредени 41 лице, соопшти полицијата во таа земја.

Како што пренесе АП, повеќето повредени се здобиле со повреди од среден степен, а едно лице е тешко повредено.

https://twitter.com/shoogaxxx/status/1074273739468984320

Сите повредени се превезени во блиските болници каде им е укажана здравствена нега.

https://twitter.com/kot0buk1/status/1074271821267005440

Експлозијата се случила во градот Сапоро, главниот град на јапонскиот остров Хокаидо, пренесе АП.

Агенцијата наведува дека причината за експлозијата се истражува, а дека на видео-снимките кои се пренесуваат се гледа како ресторанот гори во пламен.