Во Скопје денеска ќе се одржи завршна конференција насловена „Медиумската писменост во образованието – предуслов за учество на младите во општествените и политичките процеси во Македонија“.
Со конференцијата завршува тригодишниот проект „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше во соработка со дневниот весник „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот го финансира Европската Унија