Познато ни е дека Бенедикт Камбербач може да ја одигра и Марија Антоанета, ако треба. Затоа и ја
очекуваме секоја наредна улога на Британецот со идејата дека ќе гледаме „мастер клас“ по
актерство. Се надеваме случајот со „Брегзит“ исто да е таков, а и темата е доволно провокативна.

Во продукција на „ХБО“ и „Канал 4“ актерот од „Шерлок“ е во улогата на Доминик Каминг – човекот
кој ја предводи кампањата „Vote Leave“ во Велика Британија, која привлече доволно луѓе, за да ја
извојува идната независност на земјата од ЕУ.
Јасни ни се сегашните проблеми и генералното жалење на Кралството околу „Брегзит“. Очекуваме да ни се разјаснат и методите преку кои еден ненаметлив Англичанец успеа да ја убеди нацијата да гласа за заминувањето на ЕУ.
Режисер на „Brexit: The Uncivil War“ е Тоби Хајнс, кој веќе има работено со Камбербач во „Шерлок“
Филмот ќе биде објавен на 19 јануари 2019 година.
https://youtu.be/3U9PtoH5bsM