Популарната „џепна венера“ Кајли Миног никогаш не криела дека и понатаму страда за своето покојно момче , рокерот Мајкл Хачинс.

Врската на Кајли Миног со пејачот на групата “INXS“ траеше две години, се додека тој не ја изневери со манекенката Хелена Кристенс, но Кајли остана пријателка со него до неговата смрт.
Пејачката призна дека Мајкл, кој во 1997 година се уби и недостига и дека тој во се бил прв за неа.
И по толку години таа секој ден помислува на него и на тоа што би се случило ако останеле заедно.
Тие почнаа врска во 1989 година, а се разделија во 1991 година.
Потоа Кајли неколку години беше во врска со францускиот актер Оливие Матринез, а во 2013 година ја заврши врската со моделот Андреас Валенкос.
Во 2015 година почна врска со актерот Џошуа Саса, а се разделија во 2017 година. Во моментот таа е во врска со креативниот директор на магазинот GQ, Пол Соломон.
