Бела Хадид повторно заедно со Викенд

од desk2
162 прегледи

Младата манекенка Бела Хадид и пејачот Викенд ја прекинаа врската пред две години, но љубовта не згаснала.

За тоа дека тие ја обновиле врската, потври Бела во еден серијал.

Уште од летото се претпоставуваше дека повторно се заедно, но конечно Бела тоа го потврди. Пејачот Викенд, додека паузирал од врската со Бела, бил во врска со пејачката Селена Гомез, но љубовта не траела долго.

„Тој може да ми предизвика најширока насмевка и тој е најпрекрасната личност која ја познавам“, рекла манекенката, со што потврдила дека повторно се заедно.

Бела е една од најбараните манекенки на денешницата, а изјавила и дека својот најголем успех го препишува на своето ментално здравје.