Honor View 20 ќе понуди 4000mAh батерија

од Vlatko K
100 прегледи

Веќе напишавме дека кинеската премиера на Honor View 20 ќе се одржи следната недела, а
глобалното промовирање е планирано за 22 јануари во Париз.

Неодамна, кинеската компанија откри дека уредот ќе понуди вградена видео камера и ќе го
користи 48MP Sony IMX586 сензор за својата главна камера која ветува подобрени слики. Новите
тизери од источната земја откриваат повеќе детали на телефонот.

Јасно е дека Honor View 20 ќе има 4000 mAh батерија, а поставената во левиот агол камера ќе
понуди резолуција од 25 мегапиксели.

Телефонот, кој ќе биде достапен во Кина како Honor V20, исто така ја вклучува функцијата Link
Turbo за истовремени 4G и Wi-Fi превземања на поголеми датотеки.

Официјалната премиера на Honor View 20 во домот на Huawei ќе биде на 26-ти декември.