Fortnite за Android веќе работи со Snapdragon 670 и 710 процесори

од Vlatko K
102 прегледи

Epic Games пуштија нова надградба за хит играта Fortnite Mobile, која во моментов се игра од над
200 милиони луѓе низ целиот свет.


Големата вест во обновувањето е сериозното проширување на бројот на поддржани уреди со
Android, бидејќи новата верзија веќе може да се игра на смартфони со чипсети Snapdragon 670 и
710, а тоа се популарни чипсети од средната класа, кои се користат во многу модели.

Од Epic исто така додале и поддршка за Samsung Galaxy A9 со Snapdragon 660.

Во моментов тече сезоната 7 на играта, која нуди нови возила, локации и празнична тема. Нов е и
Fortnite Creative модот кој ви дава свој остров, неограничени ресурси и пристап до сите елементи во
играта.

Како што напишавме неодамна, Fortnite Mobile за Android не поддржува работа при 60fps, но Epic
Games објави дека работи на тоа.