Мишел Обама шокираше со модниот избор (ФОТО)

од Vlatko K
122 прегледи

Мишел Обама никогаш не се плашеше да биде поинаква и да блеска – со нејзината облека или
нејзините ставови. Затоа интересот за нејзината личност и за она што таа го прави е сé уште голем
и по напуштањето на Белата куќа. Покрај издавањето на автобиографската нејзина книга

„Becoming“ сите погледи повторно се на неа (жалиме Меланија, таква е ситуацијата!)

За време на презентацијата на својата книга на сцената на „Brooklyn Barclay”s Center“, Мишел се
појави во предизвикувачка тоалета на „Balenciaga“ од пролетната колекција на брендот. Шафран
жолтиот фустан со длабок шлиц беше комбиниран со холографски чизми на висока потпетица.
Секако дека поранешната прва дама не можеше да ја носи оваа облека, ако таа сè уште живееше
во Белата куќа.

Но, таа е веќе цивил и може да се облече како што сака, со помош на нејзиниот стилист Меридет
Куп. И да покаже дека е доволно да бидете сигурни и достоинствени да носите што сакате. Накусо,
поранешната прва дама продолжува да биде прва во многу аспекти.