Го собори светскиот рекорд: Ед Ширан заработувал повеќе од милион долари дневно

од desk2
115 прегледи

Британскиот музичар Ед Ширан го собори светскиот рекорд по заработка од турнеи во една година.

Овој 27-годишен музичар во 2018 година заработил повеќе од 380 милиони долари, што е повеќе од милион дневно.

Така ја надмаши колешката Тејлор Свифт која од турнејата „Reputation“ заработи околу 270 милиони евра за една година.

Во топ 10 изведувачи кои оваа година заработија најмногу се најдоа и Бијонсе и Џеј Зи, чија заедничка турнеја донесе заработка од повеќе од 220 милиони евра, потоа Пинк, Бруно Марс, Ролингстонски и U2.

Анализата на Пулстар откри дека наведената заработка доаѓа од продажбата на влезници и не се пресметани спонзорствата и останатите видови заработка.