Денеска најтопол град кај нас беше Гевгелија каде се измерени дури 17 степени.

Студениот фронт од север кој е веќе упатен кон нашата држава и ќе стигне утре доцна попладне и навечер и ќе влијае на времето кај нас во текот на ноќта кон вторник како и во вторник наутро и ќе услови врнежи најпрвин од дожд и снег на планините, ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој понекаде ќе има удари од над 70 км/час, токму ова ќе услови нагло заладување на времето па така најпрвин на повисоките места а во текот на ноќта кон вторник почнувајќи од северните предели, и на некои пониски места ќе има врнежи од снег.
Снежната покривка на планините и на повисоките места ќе се зголемува додека на пониските места понекаде ќе има формирање на потенка снежна покривка.
Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели на државава каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.
Пролетни температури ќе имаме и во текот на утрешниот ден кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, во вторник веќе истите ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени додека веќе од среда во утринските часови температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.
Оваа нагла промена на времето многу лошо ќе влијае врз здравјето на граѓаните, особено врз метеопатите па затоа истите се советуваат да ги слушаат советите од своите лекари, и секао да напоменеме дека поради засилениот северен ветер кој се очекува уште утре навечер да бидете крајно внимателни а особено да внимавате каде ги ставате вашите автомобили, односно истите да бидат подалеку од дрвјата.
Подготви: Славчо Попоски