За посните денови, посебна понуда за посна салата.

Потребни состојки:
– 300 гр риба
– 3 моркови
-4 компири
– 3-4 кисели краставички
– 200 гр сусам
– 350 гр посен мајонез
Приготвување
Сварете 300 грама риба по желба, исчистете ја од коски и изорнете ја со раце. Измешајте ја рибата со сварените компири и моркови, додајте ги исечканите кисели краставички, па спојте ја целата смеса со посниот мајонез. Пропржениот сусам на суво тавче додајте го во салатата, измешајте ја убаво уште еднаш и уживајте во крцкавиот вкус!