Компанијата SpaceX лансираше ракета која во орбитата однесе моќен сателит на американските воздушни сили. Станува збор за последно лансирање на компанијата за оваа година.

Falcon 9 понесе сателит со Глобален систем за позиционирање од трета генерација, кој ќе се придружи на 31 GPS сателити на американските воздушни сили, кои се веќе во вселената.
Сателитот треба да овозможи трипати поголема прецизност од онаа која ја даваат неговите претходници.
Предвидено е да трае 15 години.