Лажни сцени и забрана за дронови: „Game of Thrones“ се чува во тајност

од desk2
106 прегледи

Се снимаат лажни сцени и постојано се надгледува воздушниот простор над локациите на кои се снима последната сезона од серијата „Game of Thrones“. HBO инсистира на тајност бидејќи крајот на оваа серија е моментот кој фановите го чекаат веќе седум и пол години.

Иан Глен, кој во серијата го толкува ликот на Џорџ Мормонт, вели дека авторите на „Game of Thrones“ се тотално параноични во врска со снимањето на осмата сезона и постојано внимаваат нешто да не излезе во јавност.

Како што вели Глен, безбедносните мерки кои ги презема HBO се толку ригорозни што им пречат на некои од актерите. Покрај тоа, тој вели дека дел од актерите се многу нервозни бидејќи мораат постојано да внимаваат да не откријат некој детал поврзан со снимањето на серијата. Продуцентите инсистирале на снимање на лажни сцени, за никој од актерите да не знае што точно ќе се случува во серијата до самиот крај.

„Апсолутно се параноични околу криењето на деталите за осмата сезона. Не ни е дозволено да носиме наш текст, туку до сценариото пристапуваме преку специјално обезбедени iPad-и, а за секој од нас има посебни безбедносни мерки. Морам да кажам дека тоа е проблем за некои од актерите“, вели Иан Глен.

Последната сезона на „Game of Thrones“ е моментот кој го чекаат сите фанови на серијата, но таа е и огромен момент општо за телевизиските серии, бидејќи токму оваа серија го започна „лудилото“ на производство и гледање на серии. Шкотскиот актер Иан Глен вели дека последната сезона ќе ги израдува фановите, бидејќи е „навистина феноменална“.

https://www.youtube.com/watch?v=v5gsVRxzzI4

„Искрено, овие шест епизоди се апсолутно феноменални. Сценаристите завршија одлична работа, начинот на кој ги споија сезоните и епизодите ги воодушеви сите“, вели Глен во интервјуто за BBC.