Готов е за 45 минути, вкусен е и брз, а доволен за 4 лица да се насладат од него.
Супер колач – куглоф.

СОСТОЈКИ:
4 изрендани и излупени јаболки
2 шолји брашно
1 лажиче сода
1 лажиче ванила
½ лажички сол
2 лажички цимет
2 шолји шеќер
1 шолја масло
2 јајца
ПОДГОТОВКА:
Се загрева рерната на 180 степени и се премачкува калап за куглоф со масло и брашно.
Се матат масло и јајца во сад со ванила, па се додава брашно и сода и цимет.
Се меша убаво смесата.
Се додаваат внимателно изренданите и излупени јаболки, па се става смесата во калапот и се пече 45 минути.
Се става горе шеќер во прав по избор.
Уживајте!