Ексцентричниот милијардер Елон Маск јавно го пофали рускиот ракетен мотор RD-180 кој според неговото мислење изгледа одлично. Тој истакна дека инженерите кои стојат зад Lockheed и Boeing треба да се засрамат.

На Twitter Маск го пофали рускиот дизајн, а истовремено ги исмеа неговите конкуренти, пренесува RT.
„Непријатно е Boeing и Lockheed да мораат да користат руски мотор на Atlas чиј дизајн, рака на срце, е брилијантен“, напиша Маск.
Зад моторот стои компанијата NPO Energomash, а дизајнот е инспириран од стариот советски модел RD-170.
Покрај дизајнот, Маск е одушевен и од силната комбинација на иновативна технологија и перформансите што ги нуди RD-180.