Конечно откриена новата љубов на Моника Белучи

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Моника Белучи е повторно вљубена. И ние веќе знаеме и во кого. Пред неколку недели Италијанката изјави пред списанието Paris Match дека за прв пат по разводот со актерот Винсент Касел повторно се чувствува сакана.
Неколку нови фотографии, дистрибуирани од француското издание Voici, го откриваат идентитетот на нејзиниот сакан. Станува збор за Никола Лефебр , 36-годишен француски уметник со кого Моника Белучи се запозна минатото лето. Оттогаш, двојката ја одржува својата врска со исклучителна дискреција.

https://www.instagram.com/p/BSmCUNGjfe7/?utm_source=ig_embed

Моника Белуци призна дека лицето со кое го споделува својот живот не ја има истата професија како неа, но патува многу често, така што совршено ја разбира.
Во истото интервју, италијанската актерка вели дека “доживува прекрасен момент” и дека повторно ја открила слободата пет години по разводот со нејзиниот сопруг.

https://www.instagram.com/p/BRydpvjjUsp/?utm_source=ig_embed

Николас Лефебре има шестгодишна ќерка од претходната врска и има галерија во Париз. Неговата страст и посветеност во светот на уметноста е очигледна, особено кон етно креациите, кои ги негува на социјалните мрежи овој уметник, заљубен во една од најпосакуваните актерки во киното. Ништо од неговиот профил сепак не издава дека има афера со Моника Белучи.