Rovio ги информираа милионите фанови низ целиот свет дека не очекува големо изненадување
поврзано со франшизата Angry Birds во 2019 година. Причината е дека компанијата работи над
нова игра од популарната серија, која е оптимизирана за додадена реалност. Сè уште немаме многу
детали за приказната и интерфејсот на претстојниот наслов. Компанијата, меѓутоа веќе избрала
име на првата игра со виртуелната реалност и тоа е „Angry Birds VR: Isle of Pigs“.

Играта ќе биде оптимизирана за сите водечки VR платформи во индустријата, пренесе VentureBeat.
Во развојот на „Angry Birds VR: Isle of Pigs“ активно учество имаат дизајнерите на шведското студио
Resolution Games што веќе доби 7.5 милиони долари. Ова финансирање е обезбедено од
инвеститори и е наменето за да се забрза развојот на VR игри од компанијата. Ве потсетуваме дека
ова не е првото искуство на Rovio во областа на виртуелната реалност.
За неколку недели, сопствениците на очилата Magic Leap ќе имаат можност да ги тестираат
можностите на „Angry Birds FPS: First Person Slingshot“. Новата игра ќе го одведе овој концепт на
сосема друго ниво. Најверојатно не знаете, но во моментот насловите на популарната франшиза
имаат повеќе од 9 милиони активни корисници. Желбата на Rovio да прибегне кон VR технологија
за зголемување на нивниот број е логична и има потенцијал да го постигне посакуваниот успех.