Samsung започна со дистрибуција на Android Pie за Galaxy S9 и Galaxy S9 +

од Vlatko K
116 прегледи

Samsung одлучи да понуди празничен подарок за корисниците на Galaxy S9 и Galaxy S9 + со пштање
на Android Pie за уредите.


Конечната верзија е достапна за сите корисници, а не само за оние во програмата за бета
тестирање, но засега е достапна само во Германија, Швајцарија, Италија, Црна Гора и ОАЕ.

Неодамна, компанијата објави дека новата верзија ќе биде достапна во јануари, но очигледно е
веќе готова со ажурирањето и сега се шири на сите компатибилни уреди.

Финалниот софтвер е со верзија G960FXXU2CRLI и G965FXXU2CRLI соодветно за Galaxy S9 и Galaxy
S9 +.

Ажурирањето е 1744.24MB, што е нормално за ваков важен „апдејт“, а со него доаѓа новата верзија
на интерфејсот на компанијата наречен „One UI“.