Најактивниот вулкан на Филипини на двапати еруптираше пепел

од desk4
110 прегледи

Најактивниот вулкан на Филипините – Мајон денеска еруптираше двапати, исфрлајќи во воздух столбови од пепел, јави ДПА.

Двата столба вулканска пепел што беа исфрлени се со височина од 600 метри и 200 над врвот на Мајон, кој се наоѓа во филипинската провинција Албеј, на 330 километри југоисточно од главниот град Манила.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека во последните 24 часа е регистриран и земјотрес поврзан со активноста на Мајон. Научниците предупредуваат за опасност од моќна ерупција и истекување лава на падините на вулканот.

Властитепоставија зона на опасност во радиус од шест километри околу вулканот. Луѓето кои живеат во близина на опасната зона се советуваат да бидат внимателни.

Мајон последен пат еруптираше на 13 јануари, принудувајќи над 80.000 жители на три града и шест села привремено да ги напуштат домовите.

Вулканот, познат по совршениот конусен облик, се издига на височина 2.463 метри.

Слични содржини