По сите подготовки ,во Дортмунд, македонски исeленци започнуваат со градба на новата Црква св.Кирил и Методиј.

Парохискиот свештеник во Дортмунд протојереј Душко Пецов со најмладите дечињата ,од нив некои облечени и во народни носии симболично го започнаа градењето на црквата.
Црковниот одбор ги повикува сите верници од целиот свет да се вклучат во помошта за побрзо да се изгради храмот.
Протојереј Душко Пецов ги поздравува сите верници и упати апел до сите верници конечно сонот да стане јаве, повика ан сплотеност и заеднички во слога и љубов , како што рече, да го изградиме овој храм кој ќе сведочи за постоењето на еден верен ,свет македонски православен народ.
Црква од сите и за сите порача протојерејот од Дортмунд.