Долго време се зборуваше за венчавката на Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт. Сега конечно, пејачката и актерот организираа тајна свадба во многу тесен круг.
Прославата се случи шест години по објавувањето на нивнната свршувачка, пишува Daily Mail.

https://www.instagram.com/conradjackcarr/
Miley Cyrus Chris Hemsworth Luke Hemsworth
Source: Conrad Carr Instagram
Тајниот брак беше објавен откако еден од поканетите заборави на дискрецијата и објави неколку слики и видео од прославата. Веќе на страницата на пејачката има фотографии кои го покажуваат среќниот настан.

Фото: Instagram
Од споделените снимки на Конрад Кар, пријател на младенците, може да се види како ѕвездената двојка ја сече свадбената торта. Дваесет и шестгодишната пејачка избрала на свечениот ден фустан во боја на слонова коска со гол грб. Лиам Хемсворт се обложил на црн костум. Прославата се одржа во домот на младенците во Френклин, Тенеси.

Фото: Instagram