Супермоделот Хајди Клум се вери со нејзиниот партнер, музичарот Том Каулиц, пренесоа светските агенции.
Четириесет и петгодишната Германка Клум и дваесет и деветгодишниот Каулиц, кој е нејзин сонародник, веќе скоро една година излегуваат.
Двојката ја објави својата свршувачка во пост. Објавата вклучува црно-бела слика од двајцата, на која Клум покажува веренички прстен со дијамант под кој пишува: “Реков: Да.”
Хајди Клум има три деца од својот брак со пејачот Сил и уште едно дете од нејзината врска со Флавио Бријаторе. Каулиц е гитарист на Токио хотел.