Направете вкусна урнебес салата на еден поинаков начин.

СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
2 варени јајца
4 лажички црвен пипер
4-5 лажици масло
500 гр. сирење
ПОДГОТОВКА:
Се сече ситно кромидот и се додаваат сварените и иситнети јајца.
Се става масло и се убаво се пасира.
Се става ронето сирење и црвен пипер.
Се меша, лади и служи.
Декорирајте по избор.
Добар апетит!