Овој оброк ќе ве воодушеви, сочен е и многу хранлив.

СОСТОЈКИ:
4 пилешки батаци
2 лажици маслиново масло
20 гр лук
100 мл пилешка супа
80 мл бело вино
50 мл јогурт
малку мајчина душица
сол
1/4 лажичка мелен бибер
1/4 лажичка црвена пипер
свеж магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во длабока тава загрејте масло. Додајте карабатаци, па пропржете ги од двете страни убаво да поруменат. Некои десетина минути. Потоа извадете ги и оставете ги на топло место.
На истата маснотија пропржете сечкан лук благо да порумени. Вратете ги потоа карабатаците во тава. Ставете супа, вино и јогурт.
Додајте мајчина душуца и сол по вкус, како и пипер и бибер.
Поклопете и оставете да крчка 10 минути.
Потоа ставете во загреана рерна убаво да се запече кожата, некои 15 минути.
Послужете со прилог печурки или ориз и посипете со магдонос пред послужување.
Добар апетит!