Во првата тура амнестирани се сите пратеници и двајца со фантомки

од desk4
81 прегледи

 Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и социјалистот Љупчо Димовски се амнестирани  во првата тура на спороведување на Законот за амнестија од страна на кривичен совет во Основниот суд Скопје 1.

Во овој прв пакет , покрај овие пет обвинети за организираниот напад на 27 април лани, амнестирани сѐ уште и вработените во кабинетот на Трајко Вељаноски, експретседателот на Собранието, обвинетите Елена Доцевска – Божиновска и Иван Цветановски, потоа телохранителот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, Захарије Симовски, браќата Стефан Младеновски и Михаил Младеновски, Митре Питроповски  и Илија Славевски .

Сите обвинети во случајот имаат испратено барање за амнестија, освен Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ.