(ФОТО) Еди Марфи позира со своите 10 деца за Божиќ

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Еди Марфи за прв пат им го покажа на своите фанови својот најново роден син Макс, кој е дел од семејната, новогодишна слика на семејството. 57-годишниот актер позираше со сите свои десет деца, како и со свршеницата – австралискиот модел Пејџ Бачер која роди на 30 ноември.

Фотографијата е споделена во Instagram од најстарата ќерка на ѕвездата – 29-годишнaтa Бриа Марфи.

Во групниот кадар на најмногудетниот татко во Холивуд, тој е опкружен од поголемите деца – синовите Ерик (29), Мајлс (26) и Кристијан (28) и ќерките Бриа (29), Шејн Одра (24), Зола Ајви (19 ), Бела Захра (16). Самиот тој  ја држи во рацете 2-годишната ќеркичка Изи.

Изненадувачки во сликата учествува и ќерката на Еди од врската со британската пејачка Мел Б, Ангел Ирис (11), која тој одбиваше да ја признае многу години.

На божиќната фотографија, исто така, можете да ја видите мајката на актерот, Лилијан, заедно со мајката на Пејџ.

Еди и 39-годишната Пејџ се заедно од 2012 година.

Тие го крстија своето второ дете, Макс, по покојниот, постар брат на Еди, кој почина во 2017 година по битката со леукемија.