(ГАЛЕРИЈА) Божиќниот албум на светските ѕвезди

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Без разлика дали сме државен службеник, продавач, адвокат или светска ѕвезда, за време на празниците, сакаме да бидеме со семејството.

Посебно оние кои живеат на студените краишта, се радуваат на топлите мигови поминати со фамилијата, споделувајќи богат оброк, разменувајќи подароци, не брзајќи да се стигне никаде.

Сепак, кога си суперѕвезда со зафатен распоред на сите краишта на светот, веројатно овие ретки моменти под ист покрив со најблиските, се од непроценливо значење. Токму затоа, многумина од нив не пропуштија да споделат со светот како уживаат заедно со своите сакани.

Повеќето од нив всушност го прославуваат Божиќ сосема скромно, природно и традиционално, како и сите нас. Кој одбрал исти пижами, божиќни џемпери, дедомразовски одела, зимски одморалишта или голема фамилијарна трпеза, ви пренесуваме во галеријата.