Под пристаниште во Њу Џерси пронајдена едрилица од 19. век

од desk2
816 прегледи

При ископувања на самиот песочен брег кај Стоун Харбор во Њу Џерси изминатиот викенд се појавија остатоци од брод, долги околу осум метри, за кој се верува дека е од 1886 година.

Историчарите сметаат дека веројатно се работи за товарниот брод „Д.Х. Инграм“, за кој се верува дека се запалил и потонал токму во 1886 година во тој предел. Историјата говори дека пет членови на екипажот се спасиле.

Бродските остатоци не се невообичаена појава за брегот на Њу Џерси.