Едноставен колач кој добро ќе ви дојде за новогодишните празници.

Состојки:
2 кисели млека
1 ½ чаша брашно (200гр)
100гр кокос
½ чаша шеќер
½ чаша масло
1 прашок за пециво
100гр чоколадо
Подготовка:
Во брашното додадете го прашокот за пециво и измешајте, додадете го киселото млеко, шеќерот, маслото и кокосот и убаво соединете ги.
Тепсијата обложете ја со хартија за печење, па истурете ја смесата во плех со помали димензии, израмнете ја и печете на 190 степени околу 40 минути. Топлиот колач прелејте го со чоколадна глазура.
Пријатно!