Галапагос забрани огномет бидејќи страдаат децата и чувствителните единствени животни

од desk2
102 прегледи

Локалните власти на Галапагос забраниле продажба и употреба на огномет на архипелагот со цел да ја заштитат својата единствена фауна, а под забраната единствено не спаѓаат огномети кои произведуваат само светлосни ефекти, без звук.

Научниците укажале дека бројни животински видови на островите страдаат по “пиротехничките настани”, од, помеѓу останатото, зголемени срцеви фреквенции, тресење и анксиозност.

“Ова е подарок за зачувување на Еквадор и светот”, напишала претседателката на локалниот совет, Лорена Тапиа, по повод забраната.

Како што нагласила таа, екосистемите на овие острови се многу чувствителни, особено фауната, пренесува “BBC”. На Галапагос живеат голем број автохтони видови вклучувајќи ги игуаните и желките кои одиграле клучна улога во развојот на теоријата за еволуција на Дарвин.

Најважните животински видови на овие острови се морската игуана, џиновската желка, морските лавови, албатросот, морската краставица, корморанот кој не лета како и единствениот жив вид на тропски пингвини.

Властите исто така навеле дека огнометите секоја година допринесуваат до голем број на повреди, особено помеѓу децата.

Кампањата против огнометот започнала во 2017 година. Забраната за превоз на огномет на Галапагос, како и неговата продажба и употреба, стапува во сила веднаш.