Обвинителката Вилма Рускоска, во изјава за „Макфакс“ вели дека по амнестијата, во завршните зборови за насилствата во Собранието минатата година, нема да има никаква преквалификација, допрецизирање или било какви промени на обвинението за случувањата во Собранието од 27 април минатата година.

– Обвинението си останува исто, Законот за амнестија не го опфаќа членот 313 „Тероризам“, оние кои не се амнестирани остануваат на обвинителна клупа -, вели Рускоска.