Деми Ловато била вознемирена поради празниците не само поради нејзината зависност од дрога. Според британските таблоиди, таа е лута на Ник Џонас поради тоа што не доби покана за неговата спектакуларна свадба.
Според информациите во индиските медиуми, Пријанка Чопра била љубоморна на Ловато и не сакала да биде близу до нејзиниот сакан.
“Таа сака сé што е најдобро за него и за Пријанка, нема никаква расправија меѓу нив”, вели Космополитен.
Претходно оваа година, Деми престана да го следи Ник Џонас на Instagram, но продолжи да биде пријател со неговиот брат и нивните родители.
Ник Џонас и Деми Ловато со години се добри пријатели. И двајцата се снимаа во неколку филмови, направија заедничка турнеја, дури и излегуваа на кратко време, но кога нивната врска не функционираше, и двајцата престанаа да си се јавуваат.
“Ова е еден од оние случаи кога луѓето едноставно растат, се менуваат и се оддалечуваат”, изјави таа претходно во социјалните мрежи.
Токму на Божиќ Деми Ловато објави неколку мислења на Instagram со кои се заблагодари на фановите за поддршката и појасни дека ќе продолжи да се лекува, што е причината да одбива настапи.