МВР Билтен

Вчера во 17,35 часот при вршење на мотопатролна служба на автопат А1 кај клучка Прдејци, сопрено е патничко моторно возило “Волво“ со белгиски национални ознаки, во кое биле возачот Р.С.(37) од Скопје и три илегални мигранти од Пакистан (без документи за идентификација). Лицата биле лишени од слобода и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
Денеска во 00,30 часот во СВР-Скопје Ж.К.(49) од Скопје, пријавил дека на булеварот “Јане Сандански“ во угостителски објект бил физички нападнат од страна на непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 18,30 часот во СВР-Скопје Ф.Ф.(20) од Скопје вработен како келнер во гостилница на улицата “Мраморец“ пријавил дека истиот ден околу 01,15 часот, бил физички нападнат од страна на едно лице, гостин во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 03,50 часот во Полициската станица Виница М.С.(18) од Виница пријавил дека истиот ден околу 01,00 часот во кафе бар лоциран на улицата “Маршал Тито“ бил физички нападнат од А.К. од Виница, а потоа и од Г.Н. од Виница. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во Полициската станица Неготино денеска во 2.20 часот Т.Н.(23) од Неготино пријавил дека во ноќен бар лоциран на улицата “Ацо Аџиилов“ бил физички нападнат од страна на Г.С.(22) од с.Тимјаник и бил удрен со стаклено шише. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Денеска во 03,50 часот, пред кабаре во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, во кој П.С.(27) и Ѓ.В.(34), двајцата од охридското село Долно Коњско, физички нападнале полициски службеник. Напаѓачите биле приведени во полициска станица. СВР Охрид по целосно документирање на случајот, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава
Вчера во 20,30 часот во СВР-Скопје А.Ј.(48) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 19,30 часот, две лица кои ги превезувал со такси возило кон с.Брњарци му одземале торба во која имало 3000 денари, 20 евра и телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 02,00 часот во Полициската станица Прилеп Г.Д.(43) од Прилеп пријавил дека вчера околу 23,45 часот пред ноќен клуб неговиот 16 годишен син бил физички нападнат од страна на И.В. од Прилеп и уште едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во СВР-Скопје денеска во 2.40 часот И.М.(43) од с.Волково-скопско пријавил дека истиот ден околу 02,10 часот на улицата “Лука Геров“ бил физички нападнат од страна на три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 02,45 часот во Полициската станица Кавадарци И.М.(19) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 00,50 часот во кафе бар бил физички нападнат од страна на лицето З.И. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вчера во 20,55 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во населбата Илинден-Скопје, во спортска обложувалница две лица со закана со оружје од вработената одзеле околу 16.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Центар вчера во 22.15 часот М.П.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21,20 часот на улицата „Коста Шахов“ пред кафе бар четири лица физички го нападнале и му го одзеле телефонот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 02,40 часот во СВР-Скопје М.М.(26) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 00,40 часот на улицата “Дрезденска“ бил физички нападнат од страна на неколку лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.