Педесетгодишна вработена во BMW во текот на три години украла повеќе од еден милион долари од фирмата. Иако на располагање имала службено возило, решила со украдените пари да си купи американско купе.
Американката Ванеса Венс-Смол крадела пари од претставништвото на BMW во Дариен, Конетикат за да си купи луксузни работи, меѓу кои и нов спортски автомобил, но не од понудата на BMW.
Ванеса, која работела на висока позиција во салон на германскиот производител, украдените пари ги потрошила кај конкуренцијата – во салонот на Ford. За 50.000 долари оттаму си купила Mustang.
Но, тоа е само капка во потрошувачкиот океан на Ванеса. Во текот на судењето било утврдено дека до октомври, 2017 година таа ја „олеснила“ сметката на компанијата за 1,1 милион долари. Освен на автомобилот, таа ги потрошила парите на скапи патувања во прва класа и со сопругот ги посетиле Јамајка, Австралија, Хаваи и Мексико. Дел од парите ги потрошила на реновирање на куќата, на естетска хирургија и скапа облека.
Судот ја прогласи за виновна и ѝ одреди казна затвор од 30 месеци. Исто така ќе мора да ги врати парите и да го плати осигурувањето за украдените пари и да врати сѐ што купила што може да се продаде.
Досега има вратено околу 200.000 долари и новиот автомобил.
Ванеса работела на висока позиција во компанијата со годишна плата од 150.000 долари и службен луксузен автомобил на располагање. Но, тоа очигледно не ѝ било доволно за верност кон компанијата.