Меган Маркел делела марихуана на првата свадб

од Vladimir Zorba
104 прегледи

На 19 мај 2018 година, Меган Маркел го оствари сонот на милиони жени во светот, а и можеби својот – да се омажи за принцот. Сè  помина по протокол, чудесно, но не излишно кичесто, гламурозно и елегантно, пред погледите на стотици гости и милиони гледачи низ целиот свет.

Но, во 2011 година Меган Маркел помина за првпат под венчилото на импровизирана и
доста штура церемонија … во Јамајка. Тогаш идната ѕвезда од “Suits” можела само да сонува за славата што ја има денес, како и за титулата Војвотката на Сасекс.

Но сигурно слични мисли немала на среќниот ден, бидејќи погрижила сепак сите да бидат среќни и безгрижни. Според истечени пораки кои Меган ги пишувала пред речиси осум години, таа планирала да купи 200 џоинти марихуана и да ги раздаде на свадбата со Тревор Енгелсон .

Во следната порака, таа вели дека таа веќе ги нарачала. И нејзините планови биле да ги спакуваат во мали, слатки кеси и тоа да бидат подароците за нејзината свадбена прослава . Не можеме да негираме дека тие се доста тематски со местото на одржување.

Ако звучи совршено прифатливо во Јамајка да е скупува и продава (подарува, простете) слична
количина на марихуана, тогаш тоа воопшто не е случајот. Или барем во 2011 година кога се
одржала свадбата, пишува The Sun.

Маркел може да се смета за вистинска среќна жена што нејзината свадба не завршила со полициска акција.