Гордон Ремзи го очекува петтото дете

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Еден од најпознатите готвачи во светот, Гордон Ремзи, наскоро ќе стане татко по петти пат. Неговата сопруга Тана е бремена во петтиот месец, а за среќните вести, двојката најави со видео во Instagram.

Во видеото, тој се заблагодари за помошта на нивните четири деца – 17-годишната Матилда, Меган, која има 20 и 19-годишните близначки Холи и Џек.

Во 2016 година, Гордон и Тана очекуваа бебе, но сопругата на британскиот шеф имаше спонтан абортус.

На децата на Ремзи им е јасно дека нема да добијат наследство, кое се проценува на 160 милиони долари. Првиот  Мишелин шеф само ќе им помогне да купат дом.

“Моите пари сигурно нема да одат кај нив, но јас не го кажувам тоа на злобен начин. Јас едноставно не сакам да ги расипам. Јас само се согласив со мојата сопруга да покривам 25% од нивниот депозит за стан “, изјави витезот од Кујната на пеколот за The Telegraph претходно овој месец.

Кулинарскиот експерт постојано кажа дека дури и при патувања, тој и Тана се во прва класа, а децата се во втора класа, бидејќи не работат и не го заслужуваат истиот луксуз.