Владина делегација составена од министерот за здравство Венко Филипче, министерот за подобрување на инвестициската клима за домашните компании Зоран Шапуриќ и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, денеска положи свежо цвеќе на гробот на покојниот поранешен претседател на државата Киро Глигоров.
Свеќи цвеќиња положија и партиски делегации на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ.

Глигоров, роден на 3 мај 1917 година во Штип, почина ноќта на први јануар 2012 година на 94-годишна возраст.
Тој за првпат беше избран за претседател од македонското собрание на 27 јануар 1991 година, додека за вторпат беше избран на претседателските избори оддржани на 19 ноември 1994 година.