Кубанците слават 60 години револуција

од desk2
106 прегледи

 

Прв пат од 1976 година на чело на државата не е член на семејството Кастро.

Куба утре ќе прослави 60 години од револуцијата, покрај економската криза и политичките реформи.

Церемонијата за прв пат ќе биде одржаба нез борците за револуцијата на чело на државата.

Симболична комеморација ќе биде одржана во градот Сантјаго де Куба, во близина на гробовите на националните херои Хозе Марти и Фидел Кастро.

Говор по повод 60 години револција ќе одржи Раул Кастро, кој е поранешен претседател на Куба и брат на Фидел Кастро, јави АФП.

Прв пат од 1976 година на чело на државата не е член на семејството Кастро, откако на таа должност во април стапи Мигел Дијаз Канел.

Дијаз Канел минатата недела на Твитер напиша дека кубанската револуција е несовладлива, дека расте и дека трае.